Блажени се оние кои плачат

Стих по стих
Typography

Второто блаженство гласи ,,Блажени се оние што плачат, оти ќе се утешат!’’ Парадоксално е плачот да биде блаженство и оној кој плаче да го нарекуваме блажен, некој ќе забележи. Но, се разбира ова не се однесува за сите кои плачат и за секаков вид плач, туку само за оние кои плачат со она што преподобниот Јустин Ќелиски го нарекува ,,евангелски плач’’- односно спасоносен плач, плач кој води кон Бога. Постои и плач кој е неевангелски, залуден и дури- убиствен; тој воопшто не води кон Бога, туку води од Бога кон депресија и смрт. ,,Плаче немоќната злоба; плаче понижената гордост; плаче незадоволената суета; плаче навреденото самољубие- и малку ли се суетните солзи? Но, тоа се солзи на гревот, солзи бескорисни, солзи крајно убиствени за оние кои ги излеваат, зашто произведуваат смрт на душата.’’- пишува свети Јован Кронштатски. А евангелски плач, пак, е оној кој е поттикнат од Евангелието. 

Продуховените луѓе кои го чуле Евангелието и се трудат да живеат според него- го согледале гревот во себе и во светот. Тие увиделе дека светот живее во грев, далеку од Бога, во лага и зло и дека чекори кон пропаст и смрт. Согледувајќи ја таквата реалност во светот и во себе- евангелскиот човек не може, а да не плаче. Замислете колкав е гревот во светот! Илјадници и милиони умираат и страдаат неправедно. Колкумина свесно се оддале на гревот, та живеат во непрекинат грев!? Колкумина се фатиле во стапица на зависностите, та страдаат од своите погрешни избори!? Но, да го оставиме светот и да погледнеме во себеси- до каде не’ довел гревот? Колку гревови имаме ние направено? Колку погрешни мисли прошле низ нашиот ум? Колку зли планови сме сковале до сега? Колку зли емоции го окупирале нашето срце? Колку лоши зборови излегле од нашата уста? Колку гревови сториле нашите тела?...

Преподобниот Јустин Ќелиски пишува: кога човекот би имал илјадници и илјадници очи и сите би плачеле над гревовите човечки, сепак и тоа би било бескрајно малку за човек да ги исплаче своите и гревовите на своите браќа- луѓето од сите бои, сите раси, сите култури и сите вери.

Блажени се оние кои плачат поради своите гревови, зашто покајанието ги води кон Оној Кој единствено има власт и моќ и љубов да ги опростува гревовите. Блажена е онаа жалост по Бога која, според зборовите на апостолот Павле ,,предизвикува неопходно покајување за спасение’’. Од друга страна, апостолот вели ,,световната мака доведува со смрт’’. 

Светот ги смета за блажени оние кои се радуваат, а за несреќни оние тагуваат и плачат. Господ Христос, пак, ја обрнува оваа логика и вели дека се блажени оние кои плачат, оти тие ќе се утешат. Оние кои сега плачат над своите гревови ќе стигнат до покајание и до милоста Божја, а милоста Божја ќе ги утеши. Тогаш тие ќе доживеат неопишлива радост и неопишливо блаженство. 

 

Powered by WordPress.

Временска прогноза (2)

Skopje Macedonia Cloudy, 31 °C
Current Conditions
Sunrise: 5:42 am   |   Sunset: 7:35 pm
42%     6.3 m/s     32.746 bar
Forecast
Вто Low: 18 °C High: 31 °C
Сре Low: 20 °C High: 26 °C
Чет Low: 18 °C High: 28 °C
Пет Low: 15 °C High: 30 °C
Саб Low: 16 °C High: 30 °C
Нед Low: 16 °C High: 29 °C
Пон Low: 16 °C High: 27 °C
Вто Low: 16 °C High: 26 °C
Сре Low: 15 °C High: 29 °C
Чет Low: 15 °C High: 30 °C