Сведоци на Христовата љубов

Стих по стих
Typography

,,И пристигна во Гадаринскиот крај, спроти Галилеја.

А кога излезе Он на суво, Го сретна еден човек од градот, кој имаше бесови од многу години, и не облекуваше алишта, и не живееше дома, туку по гробовите.

Кога Го виде Исуса, извика и падна пред Него, и гласно рече: „Што имаш со мене, Ти, Исусе, Сине на Севишниот Бог? Ти се молам, не мачи ме!”

Зашто Исус му беше заповедал на нечистиот дух да излезе од човекот; оти долго време го мачеше, и беше во окови, и со вериги го врзуваа, чувајќи го; но тој ги раскинуваше оковите и бесот го тераше да оди во пусти места.

А Исус го праша, велејќи: „Како ти е името?” Тој одговори: „Легион”, зашто многу бесови беа влегле во него.

И Го молеа Исуса да не им наредува да одат во бездната.

А таму, по ридот, пасеа многу свињи; па Го молеа да им позволи да влезат во нив. И им позволи.

И откако излегоа бесовите од човекот, влегоа во свињите; и се гргнаа свињите низ стрмнината и се издавија во езерото.

Свињарите, кога видоа што се случи, избегаа и раскажаа по градот и околината.

И излегоа да видат што станало; па кога дојдоа кај Исуса, го најдоа човекот, од кого беа излегле нечистите духови, како седи пред нозете Исусови, облечен и со здрав разум; и се уплашија.

А оние, што беа виделе, им кажаа како се исцели бесниот човек.’’ (Евангелие според Лука 8:26-36)

 

Секој човек кој дошол во контакт со Христовото Евангелие не може, а да не ја забележи длабочината на Евангелието, неговата мудрост и неговата употребливост и денес. Иако оваа случка запишана од евангелистот Лука ни изгледа далечна и некорисна за 21виот век, сепак и овој дел од Божјото Евангелие во себе носи поука и помош и за нас- модерните христијани.

Бесомачниот човек, како што кажува Евангелието, со години бил опседнат со демони и не живеел дома, туку живеел по гробовите и се шетал гол. Неговите блиски го врзувале во окови и вериги, го чувале, но тој ги раскинувал оковите и повторно одел по пустите места. Можеме да ја замислиме неговата мака и маката на неговите ближни.

Но, луѓето се мачеле и се мачат во сите времиња. Зар денес, во 21виот век, нема луѓе кои бегаат во пусти места, кои бегаат онаму кадешто е се’ мртво? Зар денес не е општествено прифатливо кога луѓето одат на мртви места и се дружат со ,,мртви’’ луѓе? Денес во модерните времиња човекот уште повеќе оди по таквите мртви и пусти места- можеби не на гробиштата, но недоличните места, стриптиз баровите, казината, јавните куќи, куќите и парковите во кои се конзумира дрога... едноставно се преполни! Зар денес ближните на оние кои се опседнати со гревот не се мачат да ги спречат своите сакани да не си ги уништуваат животите? Колкумина денес се мачат со својот грев и со својата зависност? Колкумина денес не се ни свесни за својот грев и за идолизацијата на истиот? Колку срца човечки денес се пусти и мртви?

Кога Господ се приближи до бесомачниот човек- веднаш го исцели. Исус им заповеда и бесовите го напуштија страдалникот. Веднаш потоа тој седна до Исуса, облечен и смирен, со здрав разум. Целото село слушнало за оваа случка и дошле да го видат тоа чудо, а бесомачниот станал сведок за Христа и за Неговата љубов кон грешникот и Неговата сила над сето создание.

Истото се случува и денес, драги браќа и сестри. Многумина страдалници, обременети од јаремот на гревот кои скитаат низ светот по пусти места со мртви срца Го наоѓаат Христа Кој веднаш ги исцелува и им дарува нов живот. Во нив и преку нив се случуваат чуда и тие стануваат сведоци на Христос, Синот Божји и докази за Неговата љубов и Неговата сила.

 

Powered by WordPress.

Временска прогноза (2)

Skopje Macedonia Clear (night), 13 °C
Current Conditions
Sunrise: 6:47 am   |   Sunset: 5:52 pm
67%     1.8 m/s     33.017 bar
Forecast
Пон Low: 10 °C High: 23 °C
Вто Low: 8 °C High: 23 °C
Сре Low: 8 °C High: 23 °C
Чет Low: 8 °C High: 23 °C
Пет Low: 9 °C High: 24 °C
Саб Low: 6 °C High: 23 °C
Нед Low: 8 °C High: 20 °C
Пон Low: 6 °C High: 17 °C
Вто Low: 4 °C High: 18 °C
Сре Low: 3 °C High: 18 °C