Каков бил отсекогаш односот на Црквата кон еретиците?

Тематски проучувања
Typography

 

Според учењето на Светите Отци и црковните учители, ерес се нарекува она лажно учење кое ги поткопува самите основи на христијанската вера и ги изопачува верските догми, а своите следбеници потполно ги оддалечува од Православната Црква... како што вели Свети Василиј Велики:

„Еретик е оној кој е туѓ по верата”.

“Ние до крајот на постоењето на светот не треба да очекуваме некакво откровение. Па тогаш, што треба да мислиме за личноста која доаѓа да нè увери дека ни носи ново откровение од Бога? Тогаш таквиот мораме да го сметаме за лажец и измамник. Дури и ако се случи да тврди дека ангел Божји му зборува, ние треба одлучно да го отфрлиме, не допуштајќи во нас да се појави дух на љубопитност или некаква горделива надеж. Апостолот Павле нè учи:

„Еден е Господ, една е верата,едно е и крштението“ (Еф. 4,5).

Што уште друго во верата и богоугодувањето треба да очекуваме, сакаме и прифатиме?! Каква потреба имаме да слушаме секого што ќе го сретнеме, со тоа попрво што тој ни проповеда друг Исус и друг начин на спасение, кое не го проповедале апостолите, или пак ни предлага да прифатиме туѓ дух кој досега не сме го прифаќале, или пак ни цитираат негоја блага вест за која не сме слушнале порано (2 Кор. 11, 4)? Зарем нaм ни треба некое ново учење, кога имаме такво спасоносно учење, кое на многу начини ја докажало својата спасоносност?! Но, на тоа човек може да го натера само бесмислената желба за промена. Слушнете што вели за овие проповедници на новите учења апостолот и евангелист Јован Богослов: „Возљубени, не верувајте му на секој дух, туку проверувајте ги духовите: дали се од Бога, бидејќи многу лажни пророци се јавија во светот

.

По ова распознавајте Го Божјиот Дух и духот на лагата. Секој дух што признава дека Исус Христос дошол во тело, од Бога е

.

А секој дух, што не признава дека во тело дошол Исус Христос, не е од Бога;тоа е духот на Антихристот, за кого сте слушале дека доаѓа, па и сега е веќе во светот“ (1 Јн. 4, 1-3) (Св. Теофан Затворник). „Кој од Христовото учење одрекува макар и една догма, тој се одрекува од Христа“ (св. Теофан З.). Дека ереста во себе содржи одрекување од Христа говори светиот апостол Петар во своето второ послание: „А во народот имаше и лажни пророци, како што и меѓу вас ќе има лажни учители, кои ќе внесат погубни ереси и откако се одречат од Господ,Кој ги откупил“ (2. Петр. 2, 1).

Секоја ерес претставува отфрлање на Спасителот. Иконоборечката ерес, која наизглед ја отфрла само иконата Христова, во суштина таа го отфрла и Христовото Овоплотување, значи, го отфрла Искупителот и искупувањето. Отфрлањето на христијанските Свети Тајни, дури и без очигледно отфрлање на Христа, во суштина и е отфрлање на Христа, бидејќи кога се отфрлаат Светите Тајни, се прекинува и уништува секое суштинско општење со Христа.

Големо мноштво светители примиле маченички венец, тие избрале најлоши и најдолги измачувања, темница и прогонство, само да не учествуваат со еретиците во нивното богохулно учење. Соборната Црква секогаш ја сметала ереста за смртен грев и секогаш сметала дека човекот кој е заразен со страшната болест на ереста е духовно мртов, дека благодатта и спасението му се туѓи, дека е тој во врска со ѓаволот и со неговата погибел. Ереста е грев на умот. Таа повеќе е ѓаволски грев отколку човечки. Таа е ќерка на ѓаволот, а нејзиниот изум е нечестието слично на идолопоклонството. Светите Отци идолопоклонството го нарекувале нечестие, а ереста злочестие. Во идолопоклонството ѓаволот си присвојувал за себе божествена чест од заслепените луѓе, а со ереста заслепените луѓе тој ги прави учесници во својот главен грев – богохулството. Кој внимателно ќе ги прочита “Соборните дела”, лесно ќе се увери дека карактерот на еретиците е потполно сатански. Се гледа нивното ужасно лицемерие, огромна гордост, однесување кое се состои од постојана лага и се гледа дека се предаваат на различни ниски страсти, а кога се во можност се одлучуваат на сите можни ужасни престапи и злодела. Особено очевидна е нивната непомирлива омраза кон децата на вистинската Црква и жедта за нивната крв! Ереста е поврзана со суровоста на срцето, со страшна помраченост и болест на умот.

Таа упорно стои во неговата заразена душа – и на човекот му е тешко да се исцели од оваа болест! Секоја ерес во себе содржи хула на Светиот Дух: таа или хули на догмата за Светиот Дух или на дејството на Светиот Дух, но задолжително хули на Светиот Дух.Суштината на секоја ерес е богохулството...

Треба да се знае дека сите стари ереси менувале различни маски, но тежнееле кон иста цел: отфрлање на Божественоста на Словото и ја изопачувале догмата за Овоплотувањето (Христово). Најновите најмногу се стремат кон тоа да го отфрлат дејството на Светиот Дух: тие со ужасни хули ја отфрлиле Божествената Литургија, сите Свети Тајни, сето она каде што Соборната Црква секогаш го признавала дејството на Светиот Дух...” (Св. Игнатиј Брјанчанинов).

Светите Отци на Црквата отсекогаш поучувале дека треба да се чуваме и да ги избегнуваме еретиците. „Некои имаат обичај лукаво да го носат името Христово, а всушност вршат недостојни Божји дела. Од таквите треба да бегате како од диви ѕверови, бидејќи тие се бесни кучиња кои подмолно касаат. Морате да се чувате од нив, зашто тие страдаат од неизлечива болест. За нив постои само еден лекар... нашиот Господ Исус Христос“ (Исто). Значи, ве замолувам, не јас, туку љубовта Христова, хранете се само со христијанска храна, а избегнувајте ја туѓата (ереста). Еретиците стекнуваат доверба затоа што во својат отров го стават името Христово. Тоа е како ставање смртоносен отров во слатко вино. Оној кој не го познава, го зема со сласт и заедно со погибелното задоволство ја прима смртта. „Не лажете се браќа мои! Тие кои ги уништуваат домовите, нема да го наследат Царството Божјо. Бидејќи оној кое го прави тоа, телесно ја прима смртта. Тогаш нема ли да биде отфрлен уште пред смртта оној, кој со злобното учење ја уништува верата Божја, за која е распнат Христос? Таквиот човек како бесрамник ќе оди во неизгаслив оган, но и оние кои го слушаат“ (св. Игнатиј Богоносец).

„Да си еретик значи да си одвоен од Бога.“

Еве што се зборува за ава Агатон: „Дошле кај него некои монаси кои слушнале за неговиот дар на расудување. Сакајќи да го налутат искушувајќи го, го запрашале: „Дали си ти Агатон? Ние слушнавме дека си горд човек?” А тој им одговорил: „Да, тоа е точно”. Тие повторно го прашале: „Агатоне, ти изгледа си празнословец и клеветник”? Тој им одговорил: „Да, таков сум”. И повторно го запрашале: „Агатоне, дали си ти еретик?” Тој одлучно одговорил: „Не, јас не сум еретик”. Потоа повторно го запрашале: „Кажи ни зошто на првите прашања ни даде потврден одговор, а на последниот негативен?” Тој им одговорил: „Признавам дека ги имам првите пороци, бидејќи тоа признание е корисно за мојата душа, а да се биде еретик значи дека си отпадник од Бога”. Откако го чуле ова, тие се зачудиле на неговиот дар на расудување и си заминале добивајќи поука. “По пат кон незнабошци не одете и во самарјански град не влегувајте” 

(Мт. 10, 5). Ова треба да го разбереме како да се однесуваме кон еретиците: значи да не одиме во нивните цркви, ниту во нивните домови. Меѓутоа, таму кај што ќе биде синот на мирот, семе благочестиво, треба да се задржиме, бидејќи таму ќе се храниме како и претходните години.

Треба да се пазиме од оние кои изгледат како чувари на вистината и кои велат за себе дека се вистински пастири, а всушност се во заблуда, „како заблудувачи и заблудени“ (2 Тим. 3,13), „тие се справедливо осудени“ (Рим.3,8). „Животот и верата ќе ги чуваме непорочни, не навредувајќи и не понижувајќи се еден со друг и така ќе бидеме целосни и совршени“” (Преп. Теодор Студит). „Светиот Поликарп Смирнски ни пренесе дека свети Јован ученикот Господов кога отишол во Ефес влегол во сауна и во неа го здогледал Кериф (познат еретик) и побегнал од сауната неискапен и рекол: „Да побегнеме да не падне купатилото, затоа што во него е Кериф, непријателот на вистината.“ И самиот Поликарп, во една прилика го сретнал Маркион кој му рекол: „Ме познаваш ли?“ а тој му одговорил: „Го познавам првенецот на сатаната.“ Апостолите и нивните ученици биле толку внимателни, што ниту со збор не доаѓале во врска со некој од оние кои ја превртуваат вистината, туку постапувале слично на апостолот Павле кој рекол: „Бегај од човек раздорник, откако ќе го посоветуваш еднаш или двапати, знаејќи дека таков човек се изо-пачил, греши и дека се осудил сам себеси“ (Тит 3, 10-11) (Св. Иринеј Лионски). „Кога некој твој близок пријател ги подржува еретичките мудрувања, советувај го да ја спознае правата вера. Немој со него да се натпреваруваш и не посакувај да слушнеш како тој ги толкува работите, за да не се заразиш и ти од неговиот отров. Ако посака да научи за вистината на верата, одведи го кај Светите Отци, кои можат да му бидат од корист и да го одведат кај Христа. На тој начин ќе му помогнеш да го најде патот кон Бога без да си наштети. Меѓутоа, ако тој не се поправи ниту во првата, ниту во втората прилика, тогаш откажи се од таквиот според зборовите на апостолот“ (Тит 3, 10-11) (Преподобни Варсонуфиј Велики и Јован пророк). „Не претставува грев само да ги читаш еретичките книги, туку и да ги чуваш. Презвитерот Киријак, кој во својата келија чувал еретички дела на Нестор, имал вакво видение: видел жена како стои пред неговата келија, облечена во широка наметка, а со неа двајца мажи во кои ги препознал Пресвета Богородица, Свети Јован Крстител и свети Јован Богослов, кои ја следеле. Презвитерот, исполнет со стравопочит, со неискажлива радост се фрлил пред нозете на Богородица и ја молел да ја посети неговата келија, но Таа не прифаќала, без оглед на неговите молби и солзи. Но, на крајот сепак рекла: „Како сакаш да влезам кај тебе кога во својата келија го држиш мојот непријател?“Кога се разбудил од сонот, Киријак со длабока болка започнал да размислува: Кој би можел да биде непријателот на Пресвета Богородица? Во мојата ќелија освен мене нема никој друг. После некое време кога ги читал книгите, меѓу нив нашол поуки од еретикот Нестор, осуден на Третиот Вселенски Собор, затоа што Пресвета Богородица ја нарекувал Христородица, а не Богородица, како од Неа да се родил обичен човек, а не Богочовек. Токму тогаш Киријак сфатил кој бил непријателот на Пресвета Богородица во неговата ќелија. Тогаш тој ги запалил еретичките книги велејќи: „Отсега натаму, кај мене нема да постојат непријатели на Пресвета Богородица”.Во житието на големиот египетски пустиник Пајсиј Велики има потресен пример колку лесно се губи Божјата благодат. Тоа се случило во Египет. Еднаш неговиот ученик требало да оди во градот да ги продаде своите ракотворби. По патот го сретнал еден Евреин, кој ја забележал неговата простодушност и започнал да го соблазнува велејќи му: „Добар човеку, зошто веруваш во прост човек, а одозгора на тоа и распнат на крст? Тој воопшто не е очекуваниот Месија,бидејќи треба да дојде друг, а не Тој.“ Ученикот, бидејќи бил со слаб карактер, започнал внимателно да ги слуша овие зборови, па дури се осмелил да му каже:„Можеби ја зборуваш вистината.“ Кога се вратил во пустината, преподобниот Пајсиј му го свртел лицето и ништо не му рекол. После многу молби, преподобниот му рекол на својот ученик:„Кој си ти? Јас не те познавам. Мојот ученик беше Христијанин и благодатта од Светото Крштение беше во него, а ти не си таков. Ако навистина си ти мој ученик, тогаш знај дека благодатта од Светото Кршетение те напуштила,а Христовиот лик во тебе е уништен.“ Ученикот со солзи му раскажал на својот старец за разговорот со евреинот, а преподобниот на тоа му одговорил: „О несреќнику! Може ли да има нешто полошо од зборовите со кои си се одрекол од Христа и Неговото Божествено Крштение? Сега оди плачи, кај мене повеќе нема место за тебе, а твоето име е запечатено помеѓу имањата на оние кои се откажале од Христа,а заедно со нив те очекува мака и осуда.”Откако ученикот ја слушнал ваквата пресуда од преподобниот Пајсиј,го обземало покајание и како одговор на неговите молби, преподобниот се затворил во ќелијата на молитва, за да се моли Бог да му го прости гревот на својот ученик. А Господ ја услишал молитвата на преподобниот и му дал знак дека на ученикот му е опростен гревот. Тогаш преподобниот го предупредил вака: „Чедо, вознеси Му слава и пофалба на Христос нашиот Бог со мене, затоа што нечистиот и богохулниот дух е истеран од тебе, а место него Светиот Дух повторно се всели во тебе и ти ја поврати благодатта од Светото Крштение. Сега чувај се од мрзливоста и небрежноста повторно да не паднеш во непријателска стапица, бидејќи ако повторно згрешиш, ќе гориш во пеколниот оган“ (од житието на преп. Пајсиј Велики). Денес, кога гонителите повеќе не ги прогонуваат христијаните поради Христос, треба да ги слушаме пророчките зборови: „Излезете од нивната средина и одвојте се, вели Господ“(Иса. 52. 11,2; Кор. 6, 17). Ако некој не постапува така, самиот за себе ќе одговара пред Господа на Судниот ден. Мислам дека дружењето со такви е исто како да се однесуваме рамнодушно со еретиците“ (Преп. Теодор Студит).

Дали еретиците ќе се спасат?

Сега на ред дојде прашањето кое го поставивте: „Зошто нема да се спасат многубошците, еретиците и муслиманите? Помеѓу нив има многу добри луѓе. Не би било согласно со Божјото милосрдие да загинат овие добри луѓе! ... Да! Тоа е дури во спротивност со здравиот човечки разум! Па и еретиците,” вие велите „се исто така христијани. Себеси да се сметате за спасени, а членовите на другите вери за пропаднати – е безумно и крајно гордо!“, заклучувате. Спасението всушност се состои во повторното воспоставување на заедницата со Бога. Ова врска ја изгубил целиот човечки род со прародителскиот грев. Целиот човечки род претставувава низа на паднати битија. Смртта е судбина на сите луѓе, и на добродетелните и на порочните. Луѓето се зачнуваат во грев и во грев се раѓаат. “Со тага ќе легнам во гробот за својот син,” говорел патријархот Јаков за себе и за својот син Јосиф, прекрасниот и целомудрениот! Во Стариот Завет, после смртта, во пеколот оделе и грешниците и праведниците, бидејќи таква е моќта на човековите добри дела. Таква е платата за секоја добродетел на нашата падната природа! За повторно да се воспостави врската на човекот со Бога, со други зборови, за спасение било неопходно искупувањето.Искупувањето на родот човечки не го остварил некој Ангел, или некое од повисоките, но ограничени и создадени битија, туку тоа го направил Самиот Безграничен Бог. Казната – судбината на човечкиот род е заменета со Неговата смрт; недостатокот на човечки заслуги е заменет со Неговото бесконечно достоинство. Сите човечки немоќни добри дела кои симнувале во пеколот, се заменети со едно моќно добро дело: верата во Нашиот Господ Исус Христос. Јудеите го прашувале Господ: „Што да правиме за да извршуваме Божји дела?“ Господ им одговорил: „Божјото дело е ова:да верувате во Оној,Кого Тој Го испратил“(Јн. 6, 28-29). Само едно добро дело ни е потребно за спасение: вера, но верата е дела. Само со вера можеме да дојдеме во однос со Бога, со посредство на Светите Тајни кои Тој ни ги дарувал. Залудно, погрешно мислите и говорите дека ќе се спасат добрите луѓе меѓу незнабошците и муслиманите, односно ќе стапат во однос со Бога! Залудно гледате на мислата спротивна на ова како на новина, како на заблуда која се прикрила! Не! Отсекогаш било такво учењето на вистинската Црква, и на Старозаветната и на Новозаветната.Црквата отсекогаш го признавала единственото средство за спасението: Искупителот! Таа признавала дека најголемите добродетели на нашата падната природа повлекуваат кон адот. Ако праведниците на вистинската Црква се светила од кои светел Светиот Дух, а пророците и чудотворците кои верувале во Спасението кое треба да дојде оделе во пеколот, како тогаш може паганите и муслиманите затоа што ви изгледат добри, а ниту го познале ниту поверувале во Спасителот, да добијат спасение кое е овозможено само со единственото средство – верата во Искупителот? Христијани! Спознајте Го Христа! Сфатете дека вие не Го познавате, дека сте се одрекле од Него,сметајќи дека е можно спасението без Него поради некои добри дела! Оној кој ја признава можноста за спасение без вера во Христа, тој се одрекува од Христа и, можеби не знаејќи, паѓа во тежок грев на богохулење. 

Вие велите: “Па и еретиците се исто така христијани.” Од каде го најдовте ова тврдење? Тоa е единствено можно ако оној кој себе се нарекува Христијанин, а ништо не знае за Христа, по своето крајно незнаење, се признава себеси за исто таков “христијанин” како што се еретиците, а светата христијанска вера ја изедначува со породот на проклетиот – со богохулната ерес! За оваа тема различно размислуваат вистинските христијани! Многу светители примиле маченички венец избирајќи страшна смрт и долготрајни маки, темница и прогонство, само да не земат учество во еретичкото богохулно учење. Светата Соборна Црква секогаш ереста ја сметала за смртен грев,а човекот, кој е заразен од болеста на ереста е духовно мртов, одалечен од благодатта и спасението и есврзан со демонот и неговата погибел...Суштината на секоја ерес е богохулството. Свети Флавијан, патријархот Цариградски, кој со крв го запечатил исповедањето на вистинската вера, ја изрекол следната одредба на помесниот Цариградски собор, кој се однесува на ересијархот Евтихиј: „Евтихиј, до сега ереј и архимандрит, потполно е разобличен и со своите претходни дејствија и со својата сегашна изјава за заблудата на Валентин и Аполинариј за упорното следење на нивното богохулство, со тоа што не ги послуша нашите совети и поуки да го прифати здравото учење. Поради тоа, плачејќи и воздивнувајќи поради неговата конечна смрт, изјавуваме во името на Нашиот Господ Исус Христос дека тој западнал во богохулство и е лишен од секој свештенички чин, од нашата заедница, управителството со манастирот и им даваме на сите до знаење, дека кој од денес ќе разговара со него, или пак го посетува, дека ќе биде под анатема.“Оваа одлука е општо мислење на Соборната Црква за еретиците. Оваа одлука ја признала целата Црква и е потврдена на Халкидонскиот Вселенски Собор.Ереста на Евтихиј се состоела во тоа што тој не ги исповедал двете природи на Христос по Овоплотувањето како што исповеда Црквата, туку ја исповедал само Божествената природа. Можеби ќе речете само?! Секако, во оваа ерес не се познава разбојништво и лага! Можеби затоа не го сметате за грев? Но, во неа сеотфрла Синот Божји, а отфрлен ѐ и похулен Светиот Дух – само! Така, оној кој прифаќа богохулно учење, кој изговара хула на Бога, според вас не е Разбојник, ниту краде и е прекрасен човек! Како може Бог да му го одрече спасението!... Причината за вашата последна конфузија, како и за сите останати, е длабокото непознавање на Христијанството!Богохулниците нема да се спасат! Вашите конфузни тврдења кои сте ги навеле во своето писмо, се страшни тужители на вашето спасение. Нивната суштина е одрекување од Христа! Не си играјте со вашето спасение! Тоа може да доведе до вечно плачење. Читајте го Новиот Завет и Светите Отци на Православната Црква (а никако Тереза Авилска, Франциско Асишки и другите безумници, кои нивната еретичка црква ги канонизирала за светители!), проучете од Светите Отци на Православната Црква како правилно да го разбереме Светото Писмо, каков живот, какви мисли и чувства му доликуваат на вистинскиот Христијанин. Од Светото Писмо и живата вера запознајте Го Христа и Христијанството...” (Св. Игнатиј Брјанчанинов).

Архимандрит Лазар Абашидзе+

 

Powered by WordPress.

Временска прогноза (2)

Skopje Macedonia Cloudy, 27 °C
Current Conditions
Sunrise: 4:59 am   |   Sunset: 8:13 pm
37%     6.3 m/s     32.814 bar
Forecast
Чет Low: 17 °C High: 31 °C
Пет Low: 17 °C High: 27 °C
Саб Low: 11 °C High: 20 °C
Нед Low: 10 °C High: 21 °C
Пон Low: 12 °C High: 19 °C
Вто Low: 12 °C High: 19 °C
Сре Low: 13 °C High: 20 °C
Чет Low: 12 °C High: 22 °C
Пет Low: 12 °C High: 23 °C
Саб Low: 13 °C High: 25 °C