Библијата- небесен и ангелски леб

Тематски проучувања
Typography

,,Библијата не’ води кон живата Личност на овоплотениот Логос и кон поклонување кон Него: ,Истражувајте ги Писмата како што вели во Евангелието Христос нашиот Бог: во нив Го гледаме Христа роден и повиен, ставен во јаслите и со млеко задоен, Кој прими обрезание и Кого Симеон Го држеше в раце, не некаков замислен или измислен, туку вистински и во светот објавен, Кого Го славиме со зборовите ,,Превечни Боже, слава Ти’’. Голема тајна на светите отци е што во Светото Писмо бараа заедница и дијалог со Христа затоа што единствена тема во целото Свето Писмо е Христос и Неговата Црква.

Според ова, Библијата има темелно значење за православната побожност и за духовниот живот. Православната духовност во суштина е библиска и евангелска, која става нагласок на духот и доблестите на Евангелието, на чувањето на заповедите за да Го следиме Христа и да ја подржаваме Неговата милост. Животот на православните верници е овоплотување на библиско-евангелското совршенство кое се открива во смирението и љубовта и со смирението и љубовта. Животот на православните верници е Библија во пракса или Библија на дело, имајќи предвид дека Библијата не е книга која ја учиме на памет туку правило и мера на нашите животи. Светото Писмо се нарекува ,,небесен и ангелски леб’’ со кој се храниме и со кој ги радуваме срцата наши, заедничариме и се причестуваме со Логосот, вистината и животот Божји...

Според светиот Нил Подвижник ,,во зборовите на боговдахновеното Писмо се крие Царството небесно.’’ Духовниот наредок и совршенство се поврзува со секојдневното изучување и слушање на Светото Писмо, чување на Речта Божја и поклонување на Логосот, дела кои побаруваат смиреноумие и чистота, исполнување на заповедите, а пред се’- молитва. Со слушање и читањето на Светото Писмо, благодатта на Утешителот разговараме со Бога, а во срцата наши се создава јака и неизречива желба за Него, за одење по патот на обожението преку подвиг во благодатта.’’- Протопрезвитер Михаил Кардамакис, Православна духовност 

 

Powered by WordPress.

Временска прогноза (2)

Skopje Macedonia Fair (day), 26 °C
Current Conditions
Sunrise: 5:4 am   |   Sunset: 8:0 pm
41%     0.0 m/s     32.950 bar
Forecast
Нед Low: 15 °C High: 27 °C
Пон Low: 14 °C High: 26 °C
Вто Low: 13 °C High: 26 °C
Сре Low: 11 °C High: 27 °C
Чет Low: 14 °C High: 27 °C
Пет Low: 12 °C High: 28 °C
Саб Low: 13 °C High: 25 °C
Нед Low: 12 °C High: 26 °C
Пон Low: 12 °C High: 25 °C
Вто Low: 14 °C High: 27 °C