Бори се во духовната борба и Бог ќе ти даде сили

Поуки
Typography

„Бори се во духовната борба и Бог ќе ти даде сили. Борејќи се се сретнуваме со слабости, недостатоци и наши грешки. Борбата е огледало на нашата духовна состојба. Кој не се борел, не се запознал себеси. Внимавај дури и на малите грешки. Ако од невнимание направите грев, не губете надеж, туку брзо станете, помолете Му се на Господ Кој може да ве подигне. Претераната тага во себе крие гордост. Претераните жал и безнадежност се штетни и опасни, и честопати се преувеличуваат од страна на ѓаволот за да се прекине напредокот на оној кој се бори. Во себе имаме слабост и страсти, и длабоко вкоренети мани. Сето тоа не може да се скрши преку колената, ниту со помош на слабостите и тешките таги, туку со трпение и истрајност, храброст, труд и трезвеност.

Патот кој води кон совршенството е долг. Молете Го Бога да ве крепи. Со трпение да ги пресретнете вашите падови, брзо да станете, и да трчате а не да стоите како деца на местото каде што сте паднале, неутешно плачејќи и пискајки.

Бдејте и молете се да не паднете во пропаст. Не очајувајте ако често паѓате во старите гревови. Многу од нив се јаки по природа и навика. Меѓутоа, со време и со трудољубивост се победуваат. Нешто нека нѐ ве фрла во безнадежност.“ - Св. Нектариј Егински

 

Powered by WordPress.

Временска прогноза (2)

Skopje Macedonia Fair (day), 26 °C
Current Conditions
Sunrise: 5:4 am   |   Sunset: 8:0 pm
41%     0.0 m/s     32.950 bar
Forecast
Нед Low: 15 °C High: 27 °C
Пон Low: 14 °C High: 26 °C
Вто Low: 13 °C High: 26 °C
Сре Low: 11 °C High: 27 °C
Чет Low: 14 °C High: 27 °C
Пет Low: 12 °C High: 28 °C
Саб Low: 13 °C High: 25 °C
Нед Low: 12 °C High: 26 °C
Пон Low: 12 °C High: 25 °C
Вто Low: 14 °C High: 27 °C