„Јас сум... животот“

Поуки
Typography

,,Таков е животот во Христос – скриен, но се покажува во светлината на добрите дела, односно љубовта, затоа што во неа блеска секоја добродетел. Поради тоа не би згрешил оној што таа љубов би ја нарекол живот, зашто таа преставува соединување со Бога, а тоа значи живот – како што разделбата од Него ја сметаме за смрт. Затоа и Самиот Спасител вели дека „Неговата заповед е вечен живот“, притоа имајќи ја на ум љубовта. „Зборовите што ви ги кажав се дух и живот“ односно љубов, а „кој живее во љубовта, живее во Бога и Тој во него“, овде повторно се зборува за живот; бидејќи Господ вели: „Јас сум... животот“. Ако животот преставува сила која го движи сѐ она што е живо, што е тогаш она што ги движи луѓето кои вистински живеат, чиј Бог е живиот Бог, Кој е Бог на живите, а не на мртвите? Никаков друг придвижувач нема да најдеш освен самата љубов, која не само што ги води и управува со нив, туку и со леснотија ги изведува од нив самите и, на тој начин, може да делува во нив појако од секое живеење, и да биде поважна од самиот живот. Затоа што, љубовта нѐ наведува да го презреме животот." - Свети Никола Кавасила

Powered by WordPress.

Временска прогноза (2)

Skopje Macedonia Cloudy, 31 °C
Current Conditions
Sunrise: 5:42 am   |   Sunset: 7:35 pm
42%     6.3 m/s     32.746 bar
Forecast
Вто Low: 18 °C High: 31 °C
Сре Low: 20 °C High: 26 °C
Чет Low: 18 °C High: 28 °C
Пет Low: 15 °C High: 30 °C
Саб Low: 16 °C High: 30 °C
Нед Low: 16 °C High: 29 °C
Пон Low: 16 °C High: 27 °C
Вто Low: 16 °C High: 26 °C
Сре Low: 15 °C High: 29 °C
Чет Low: 15 °C High: 30 °C