Бог се грижи за нас

Поуки
Typography

Бог Создателот одново и одново низ Светото Писмо ни се открива како милостив Отец Кој се грижи за Своето создание и особено за човекот. Сепак, ние премногу се грижиме како се’ да зависи само од нас и како Бог воопшто да не е присутен.

Се грижиме за утрешнината, за имотот, за парите, за работното место, за децата, за здравјето, за политиката... Се грижиме и за работи кои можеме да ги промениме и за работи кои не можеме да ги промениме без разлика на тоа колку се грижиме и се вложуваме себеси. И така полека полека се трошиме самите себе, односно своите тела и своите енергии во грижи. На некои луѓе животот им поминува во грижи- и тоа најчесто тие луѓе се грижеле бадијала, односно на крајот увиделе дека воопшто не излегло така како што се плашеле дека ќе биде!

Но, преголемите грижи за овој свет не’ спречуваат и во нашиот однос со Бога. 

Самиот Христос поучуваше дека тоа семе што паѓа меѓу трње (односно оние кои го слушаат Словото Божјо но, се подаваат на грижи, богатства и наслади од овој живот), се оние, што го слушаат словото но не донесуваат плод (Свето Евангелие според Лука 8:5-15). 

Апостолот Петар не’ повикува: ,,Сите ваши грижи оставете ги на Него, зашто Он се грижи за вас.’’ (Прво Петрово послание 5:7) ,,Пренеси ја на Господа маката своја, и Он ќе те поткрепи.’’- вели псалмистот (Псалм 54:22). 

Свети Василиј Велики, пак, пишува за тоа како Бог суверено владее над се’ и се грижи дури и за најмалото влакно од нашата глава не е заборавено од Божјата грижа: „Не вели: тоа е случајно, но тоа се случи само по себе. Во тоа што постои, нема ништо безредно, ништо неопределено, ништонапразно, ништо случајно... Колку влакна имаш на главата? Ниедно од нив не е заборавено во Бог. Гледаш ли како ни едно, најмалото, не го избегнува надзорот на окото Божјо?“

 

Powered by WordPress.

Временска прогноза (2)

Skopje Macedonia Clear (night), 13 °C
Current Conditions
Sunrise: 6:47 am   |   Sunset: 5:52 pm
67%     1.8 m/s     33.017 bar
Forecast
Пон Low: 10 °C High: 23 °C
Вто Low: 8 °C High: 23 °C
Сре Low: 8 °C High: 23 °C
Чет Low: 8 °C High: 23 °C
Пет Low: 9 °C High: 24 °C
Саб Low: 6 °C High: 23 °C
Нед Low: 8 °C High: 20 °C
Пон Low: 6 °C High: 17 °C
Вто Low: 4 °C High: 18 °C
Сре Low: 3 °C High: 18 °C