Важни поуки од светиите

Поуки
Typography

,,Спасителот вели: Блажени се чистите по срце, зашто тие ќе го видат Бога (Мат. 5, 8), зашто Бог е скриен во срцата на оние што веруваат во Него. Тие ќе Го видат Бога и ризниците скриени во Него, кога ќе се очистат преку љубов и воздржание и ќе Го видат толку појасно колку повеќе се исчистени." - Свети Максим Исповедник

,,Мирот најпрвин треба да се воспостави во нас, па тогаш и надвор од нас ќе има мир.''- Отец Тадеј

,,Најдобриот пост е да поднесувш трпеливо сè што Бог испраќа по твојот пат." - Свети Анатолиј Оптински

,,Твојот ближен згрешил против тебе и те ожалостил. Препушти Му го тоа на Бога, а Он се ќе уреди многу подобро отколку ти што можеш да посакаш." Свети Јован Златоуст

,,На Бог Му е потребно срцето ( Изрек.23,26) и штом тоа побожно стои пред Него, тоа е доволно.

Непрестајната молитва се состои во тоа секогаш побожно да се стои пред Бога. А молитвеното правило е, при тоа, само загревање или ставање дрва во печката. “ - Свети Теофан Затворник

,,Мнозина мислат дека христијанството е како другите принципи во животот, но тоа не е така. Се започнува со покајание, се зрее во борбата со страстите и се завршува преку самораспнување за Христа." -св.Теофан Затворник

,,Ликот Христов е единствена Светлина за сите темнини, во кои што може да попадне човечкиот род, единствен излез за сите смрти, единствена утеха за сите маки, единствен патоказ за сите заблуди...“ - Отец Јустин Поповиќ

,,Правило: Да се помолиш на Бог за секој човек што си го посетил, сретнал или си се разделил од него. Нека од тебе тргне со твојата молитва ; тоа е најдобриот сопатник. “ - Отец Јустин Поповиќ

„Пред секоја работа - домашна или службена, сеедно, не заборавајте дека вашата сила, вашата светлина, вашиот успех е Христос, и неговата жртва на Крстот; затоа без исклучок, пред започнувањето на секое дело, кажете: „Исусе, помогни ми! Исусе, просветли ме!“ На тој начин, во вашето срце ќе се одржува и уште повеќе ќе се разгорува живата вера и надежта во Христос, бидејќи Неговите сила и слава се вечни“.- Свети Јован Кронштатски

Powered by WordPress.

Временска прогноза (2)

Skopje Macedonia Clear (night), 13 °C
Current Conditions
Sunrise: 6:47 am   |   Sunset: 5:52 pm
67%     1.8 m/s     33.017 bar
Forecast
Пон Low: 10 °C High: 23 °C
Вто Low: 8 °C High: 23 °C
Сре Low: 8 °C High: 23 °C
Чет Low: 8 °C High: 23 °C
Пет Low: 9 °C High: 24 °C
Саб Low: 6 °C High: 23 °C
Нед Low: 8 °C High: 20 °C
Пон Low: 6 °C High: 17 °C
Вто Low: 4 °C High: 18 °C
Сре Low: 3 °C High: 18 °C