Бог ветува милост

Поуки
Typography

"Грешниците кои се каат и понатаму се спасуваат; и митниците и прељубниците исчистени преку покајанието, ќе влезат во небесното Царство. Милосливиот Бог и понатаму ги повикува кон Себе сите оние што се свртеле, ги чека и им ветува милост.

Љубениот Отец и понатаму ги прима Своите блудни синови, кои се враќаат од далечните земји и им ја отвора вратата на Својот дом, и ги облекува во најубавите облеки, на сите ставајќи им прстен на раката и чевли на нозете, и им заповеда на светиите да се радуваат со Него: „Радувајте се, ангели и сите Мои избрани! Грешници, вратате се кај Мене, луѓе, Мои созданија, создадени според Мојот образ и подобие. Оние што гинеа сега се спасени, оние што беа мртви сега се повторно живи, изгубените се најдени“.

Слава на Неговата добрина! Слава на Неговата љубов кон човекот! Слава на Неговото сожалување! Слава на Неговата дарежливост! Кутри грешници, зошто сѐ уште чекаме во далечната земја и не тргнуваме кон Отецот? Зошто сѐ уште умираме од глад? Зошто се полниме со грев како мешунки? Во домот на нашиот Отец има сѐ, и во изобилство. Таму дури и наемниците имаат имаат доволно и им останува вишок.

Нашиот Отец нѐ чека со голема желба и ревност, и со љубов гледа на нас, кои се враќаме од далеку, нѐ гледа со сожалување, мили сме Му, ќе нѐ прегрне и ќе нѐ љуби со Својата света љубов. Нема да не кара и ќе ги заборави нашите гревови и нечистотии, а сите Негови ангели и избраници ќе се радуваат поради нас.

Да си дојдеме на себе, да станеме, трнеме и побрзаме кон нашиот Отец, и секој со смирение и тага нека Му каже: „Отец! Згрешив пред Тебе и пред небото, и веќе не сум достоен да се наречам Твој син; прими ме како еден од Своите наемници“.

Да побрзаме, побрзаме, о, грешници, додека сѐ уште има време, додека Отецот чека, додека вратата на Неговиот свет дом не се затворила. Да се покаеме додека Божјата благодат сѐ уште делува, додека не дошло времето да ја вкусиме Божјата правда, вечниот суд." - Свети Тихон Задонски

 

Powered by WordPress.

Временска прогноза (2)

Skopje Macedonia Clear (night), 13 °C
Current Conditions
Sunrise: 6:47 am   |   Sunset: 5:52 pm
67%     1.8 m/s     33.017 bar
Forecast
Пон Low: 10 °C High: 23 °C
Вто Low: 8 °C High: 23 °C
Сре Low: 8 °C High: 23 °C
Чет Low: 8 °C High: 23 °C
Пет Low: 9 °C High: 24 °C
Саб Low: 6 °C High: 23 °C
Нед Low: 8 °C High: 20 °C
Пон Low: 6 °C High: 17 °C
Вто Low: 4 °C High: 18 °C
Сре Low: 3 °C High: 18 °C