Важни поуки

Поуки
Typography

,,Добриот човек, дури и да е роб сепак е слободен; лошиот човек, дури и да владее, е роб и тоа не роб на само еден господар, туку роб на онолку господари колку што зла има во него.’’- Св. Августин

 

,,Онаму кадешто е Бог- таму е и мирот. И обратното е точно: онаму кадешто има завист, непријателства, нетрпение, самољубие- таму е демонот. А онаму кадешто е демонот- таму се е разрушено, во горделивост и непријателство.’’- Св. Анатолиј Оптински

 

,,Не ја заборавај молитвата. Таа е животот на душата.’’- Св. Никон Оптински

 

,,Како човекот станува лош?- Така што заборава дека Бог е над него.’’- Св. Амброзиј Оптински

 

„Христос се молеше за оние што Го распнуваа: “Оче, не им го земај ова за грев, тие не знаат што прават”. Архиѓаконот Стефан се молеше за оние што го засипуваа со камења, за Господ да не им го земе тоа за грев. И ние, ако сакаме да ја сочуваме благодатта, должни сме да се молиме за непријателите. Ако ти, не го сожалуваш грешникот, којшто ќе се мачи во огнот, значи дека во тебе ја нема благодатта на Светиот Дух, туку во тебе живее зол дух. И додека си уште жив, труди се да се ослободиш од него со покајание.“ - Старец Силуан

 

„За да станеме совршени и потполни, без никаков недостаток, треба да имаме страв од Бога и да ги исполнуваме Неговите заповеди, потоа смирено размислување и покајничко срце и постојано да ја вознесуваме кон Господ молитвата на св. Арсениј Велики: „Боже мој, не ме оставај. Ништо добро не направив пред Тебе. Сепак, дај ми според Твојата милост да поставам добар почеток“. Бидејќи, целото наше спасение зависи од дарежливоста и човекољубието на Бога. Нему слава и поклонение.“ - Свети Теодор, епископ Едески

 

Powered by WordPress.

Временска прогноза (2)

Skopje Macedonia Clear (night), 13 °C
Current Conditions
Sunrise: 6:47 am   |   Sunset: 5:52 pm
67%     1.8 m/s     33.017 bar
Forecast
Пон Low: 10 °C High: 23 °C
Вто Low: 8 °C High: 23 °C
Сре Low: 8 °C High: 23 °C
Чет Low: 8 °C High: 23 °C
Пет Low: 9 °C High: 24 °C
Саб Low: 6 °C High: 23 °C
Нед Low: 8 °C High: 20 °C
Пон Low: 6 °C High: 17 °C
Вто Low: 4 °C High: 18 °C
Сре Low: 3 °C High: 18 °C