Бог е љубов

Поуки
Typography

,,Возљубени, да се сакаме еден со друг, оти љубовта е од Бога, и секој, кој сака, е роден од Бога и Го познава Бога; кој не сака, тој не Го познал Бога, оти Бог е љубов.’’ (Прво соборно послание на светиот апостол Јован Богослов 4:7,8)

 

Тема на денешната тема е љубовта како главна карактеристика на Бог. Апостолот Јован запишал дека ,,Бог е љубов’’. Бог има и други карактеристики: Тој е праведен, добар, силен, величествен... но никаде Светото Писмо не вели дека Бог е правда, добрина, сила или величие. Љубовта е до тој степен главна Божја карактеристика, што дури апостолот напишал дека Самиот Бог е љубов. 

 

Внимавајте, тоа што Бог е љубов не значи дека важи и обратното, односно дека љубовта е бог- иако за многумина љубовта е бог во нивните животи. Сепак, љубовта не е бог, но Бог е љубов. Љубовта е до тој степен одраз на Неговото Битие!

 

Сепак, за каква љубов зборуваме? Многумина се повредени од љубовта- тогаш како може Бог да биде љубов ако љубовта боли? Некои велат дека љубовта престанала- тогаш ако љубовта престанува како може Бог да биде љубов? Некои велат дека љубовта не постои- тогаш ако љубовта не постои како може Бог да биде љубов? 

 

Човечката и Божјата љубов драстично се разликуваат. Човечката љубов е слаб одраз на Божјата. И така, иако понекогаш човечката љубов ги има во себе карактеристиките на совршената Божја љубов сепак на многу начини е несовршена. Човечката љубов понекогаш е чисто сентиментална, телесна, себична, ограничена, условена... Божјата љубов е самата есенција на Неговото Битие- таа е совршена, несебична, неограничена, неусловена...

 

Апостолот Павле ја напиша прекрасната ,,Ода на љубовта’’:

 

,,Љубовта е долготрпелива, полна со добрина, љубовта не завидува, љубовта не се превознесува, не се гордее, не прави што е непристојно, не бара свое, не се срди, не мисли зло, на неправда не се радува, а на вистина се радува. Сè извинува, во сè верува, на сè се надева, сè претрпува. Љубовта никогаш не престанува...’’ (Прво соборно послание до Коринтјаните 13то поглавје)

 

Ете го најубавиот приказ на љубовта, која на толку многу начини е различна од човечката несовршена љубов. Но, ако го замениме зборот ,,љубов’’ со ,,Бог’’ ќе бидиме каков е Самиот Бог: Тој е долготрпелив, полн со добрина, не завидува, не се превознесува, не се гордее, не прави што е непристојно, не го бара Своето, не се срди, не мисли зло, не се радува на неправдата туку на вистината, се’ простува, верува, се надева, претрпува, никогаш не престанува.

 

Ние честопати се нарекуваме христијани, но во нас ја нема љубовта Божја. Апостолот Јован, пак, во стиховите цитирани на почетокот ги поврзува вертикалата и хоризонталата, односно нашиот однос со Бога со нашиот однос со ближните. ,,Возљубени, да се сакаме еден со друг, оти љубовта е од Бога, и секој, кој сака, е роден од Бога и Го познава Бога; кој не сака, тој не Го познал Бога, оти Бог е љубов’’- не’ повикува апостолот. 

 

Од друга страна, Бог е љубов, но во светов и во нас го гледаме спротивното на љубовта. Луѓе кои се нарекуваат христијаните мразат, лажат, крадат, војуваат, изневеруваат, стануваат негрижливи и бесчувствителни, се радуваат на злото и неправдата, егото им е пред се’ и пред секого... И ако добро погледнеме длабоко во себе ќе успееме и во нас да ги препознаеме овие карактеристики. Се нарекуваме христијани, но не сме љубов. Велиме дека сме чеда Божји, но во нас нема љубов.

 

Александар Велики имал еден војник кој се викал Александар. Но, војникот бил многу плашлив и честопати бегал од битките. Еден ден Александар Велики го повикал војникот Александар и му рекол: ,,Или смени си го однесувањето или смени си го името!’’ Не можело царот и плашливиот војник да го носат истото име. Слично на оваа сторија и ние имаме избор: или да си го смениме однесувањето или да си го смениме името- односно да не се нарекуваме христијаните воопшто ако решиме да не направиме чекор кон Бога- Кој е љубов.

 

Powered by WordPress.

Временска прогноза (2)

Skopje Macedonia Cloudy, 27 °C
Current Conditions
Sunrise: 4:59 am   |   Sunset: 8:13 pm
37%     6.3 m/s     32.814 bar
Forecast
Чет Low: 17 °C High: 31 °C
Пет Low: 17 °C High: 27 °C
Саб Low: 11 °C High: 20 °C
Нед Low: 10 °C High: 21 °C
Пон Low: 12 °C High: 19 °C
Вто Low: 12 °C High: 19 °C
Сре Low: 13 °C High: 20 °C
Чет Low: 12 °C High: 22 °C
Пет Low: 12 °C High: 23 °C
Саб Low: 13 °C High: 25 °C