Исус Христос, Господ на сите

Поуки
Typography

,,...Исуса Христа, Кој им е Господ на сите.’’- апостол Петар

Оваа изјава на апостолот Петар е извадок од неговата проповед во домот на римскиот стотник Корнилиј. Самата посета на апостолот Петар на домот на Корнилиј е револуционерна! Имено, апостолот бил Евреин, а Евреите не влегувале во домовите на паганите, односно на незнабожечките народи. Тие се сметале за Божјиот избран народ и како таков не одбивале блиски контакти со неверниците.

 

Но, според Божјата милост апостолот Петар доби видение и Бог му порача да оди во домот на римскиот стотник. Таму ја доби шансата да им проповеда на насобраните за ,,Исуса Христос, Кој им е Господ на сите.’’

Понекогаш и ние се однесуваме како Евреите, та забораваме дека Исус Христос е Господ на сите. Водени од националистичкиот дискурс ја сметаме Македонија за библиска земја и Исус Го сметаме само за ,,наш’’. Забораваме дека Исус е Господ на сите! И на далечните Кинези и Јапонци, Ескимите од Северниот Пол и пигмеите од Африка; на софистицираните Европејци и на луѓето од светот во развој. И наш Господ, но и Господ на ,,омразените’’ Грци, Албанци, Бугари и Срби! Неговото господство се протега по сите меридијани, ги опфаќа сите раси и народи и сите времиња.

Но, оваа изјава на апостолот има и една друга димензија која е многу лична, односно задира во нашите лични верувања и ставови. Да, првенствено изјавата на апостолот има за цел да ги разбие ѕидовите поставени меѓу Евреите и сите останати. Така милоста Божја се разлеа врз сите народи. Но, личносната димензија на оваа изјава доаѓа до израз во моментот кога ќе се запрашаме: ,,Дали Исус е и мој Господ?’’

Почитувани, честопати се гордееме со нашето христијанско минато. Се фалиме дека апостолот Павле дошол и проповедал во Македонија. Се удираме во гради спомнувајќи си за светите Кирил и Методиј и Климент. Градиме цркви и поставуваме крстови над секој град и село. Но, дали навистина Исус Христос е наш, односно мој и твој, Господ?

Powered by WordPress.

Временска прогноза (2)

Skopje Macedonia Fair (day), 26 °C
Current Conditions
Sunrise: 5:4 am   |   Sunset: 8:0 pm
41%     0.0 m/s     32.950 bar
Forecast
Нед Low: 15 °C High: 27 °C
Пон Low: 14 °C High: 26 °C
Вто Low: 13 °C High: 26 °C
Сре Low: 11 °C High: 27 °C
Чет Low: 14 °C High: 27 °C
Пет Low: 12 °C High: 28 °C
Саб Low: 13 °C High: 25 °C
Нед Low: 12 °C High: 26 °C
Пон Low: 12 °C High: 25 °C
Вто Low: 14 °C High: 27 °C