Моќта на милоста

Поуки
Typography

Имам слушнато за една приказна за моќта на милоста.

 

Во некоја манастирска ќелија долго се молел некој стар монах кога внатре влегле една банда разбојници.

,,Кое добро ве донесе овде, чеда?’’- прашал старецот.

,,Какво добро, старче? Дојдовме да ти земеме се’ што имаш.’’- рекле разбојниците и му ја зеле сета храна што ја имал, книгите и уште некои работи и почнале да бегаат.

Старецот тргнал да оди по нив и им викнал: ,,Деца застанете! Заборавивте да го земете ќесето со пари! Еве ви го донесов.’’

Разбојниците биле збунети. Никаде до сега не виделе ваков однос со нив. Вообичаено сите ги бркале за да ги тепаат и да си го земат назад ограбеното. Но, милоста на старецот ги поразила. Застанале, му го вратиле се’ она што го ограбиле и допрени од неговата милост пролеале солзи покајнички.

Природното однесување на секој човек е на злото да враќа со зло, на навредата со навреда. ,,Око за око, заб за заб’’ ни е принцип наложен од нашата одмаздничка природа. За да се одговори со добро на злото, со кроткост и милост на секоја навреда не е природно однесување; за таков одговор е потребно натприродно однесување. Тоа е одлика единствено на Божјите луѓе. Само тие можат да постапуваат така, зашто така постапуваше и нивниот Господ. Кога Тој беше понижуван- не возвраќаше со понижувања, на ударите не возвраќаше со удари; љубовта беше Неговата главна карактеристика. Всушност, апостолот Јован ќе напише: ,,Бог е љубов’’.

А, пак, апостолот Павле ќе побара од Божјите луѓе: ,,И така, ако непријателот твој е гладен, нахрани го; ако е жеден, напој го; оти, правејќи го тоа, ти ќе му натрупаш жар на главата негова. Не позволувај злото да те победи, туку победи го злото со добро.’’ Нека овој принцип биде и наш принцип! Нека Овој Господ Кој на злото враќаше со добро биде и наш Господ. Амин.

Powered by WordPress.

Временска прогноза (2)

Skopje Macedonia Cloudy, 31 °C
Current Conditions
Sunrise: 5:42 am   |   Sunset: 7:35 pm
42%     6.3 m/s     32.746 bar
Forecast
Вто Low: 18 °C High: 31 °C
Сре Low: 20 °C High: 26 °C
Чет Low: 18 °C High: 28 °C
Пет Low: 15 °C High: 30 °C
Саб Low: 16 °C High: 30 °C
Нед Low: 16 °C High: 29 °C
Пон Low: 16 °C High: 27 °C
Вто Low: 16 °C High: 26 °C
Сре Low: 15 °C High: 29 °C
Чет Low: 15 °C High: 30 °C