Приказната за бисерот

Поуки
Typography

Дијалогот меѓу патријархот Тимотеј и калифот ал-Махди се случил во годината 781. Тоа е една дискусија меѓу двајца многу интелигентни и елоквентни луѓе. Читајќи го Дијалогот човек ќе ја насети почитта која тие ја имаат еден кон друг.

Сите ние можеме да земеме добар пример од нив- како тие можеа да разговараат со голема почит кон другиот иако имаа различни мислења. Патријархот Тимотеј покажува голема понизност во неговиот став и познавање на правата вера. Тој е светол пример за денешниот дијалог со другите религии. Тој успева да го почитува собеседникот и покрај неговото различно мислење.

Кон крајот на дијалогот Патријархот раскажува една парабола со цел да ја илустрира неговата позиција по однос на вистинитоста на христијанската вера. Имено, во неговата парабола за бисерот тој го претставува целиот свет како да е во ноќе и во темна куќа каде што паѓа еден скапоцен бисер. Иако секој се труди да го фати бисерот, сепак само еден ќе успее да го земе. Но и сите останати ќе фатат по нешто- некој ќе земе камен, друг ќе држи парче стакло во раката и сите ќе мислат дека во раката го имаат бисерот. Кога сонцето ќе изгрее еден од нив ќе види дека бил во право и дека во својата рака го држи бисерот, додека сите останати ќе сфатат дека погрешно верувале дека го имаат бисерот.

Во оваа илустрација, Патријархот ја поврзува вистинската вера со бисерот. Од многуте религии во светот само една е вистинската, но сите останати веруваат дека токму тие се вистинските. На величествениот ден Господов многумина ќе бидат тажни зашто ќе видат дека она што го имале и го сметале за скапоцено всушност било ѓубре и не вредело ништо.

Во оваа интересна и предизвикувачка приказна Патријархот и покрај неговата љубезност го потврдува своето цврсто уверување во од Бога-даденото Евангелие- вистинската вера, најскапоцениот бисер. Она што ме воодушевува е како Патријархот покажува љубезност и понизност, а од друга страна- не остава простор за конфромизам. За него, вистината е само една и ни беше откриена од Оној Кој за Себе рече со сета увереност: ,,Јас Сум Патот, Вистината и Животот.’’

 

Powered by WordPress.

Временска прогноза (2)

Skopje Macedonia Fair (day), 26 °C
Current Conditions
Sunrise: 5:4 am   |   Sunset: 8:0 pm
41%     0.0 m/s     32.950 bar
Forecast
Нед Low: 15 °C High: 27 °C
Пон Low: 14 °C High: 26 °C
Вто Low: 13 °C High: 26 °C
Сре Low: 11 °C High: 27 °C
Чет Low: 14 °C High: 27 °C
Пет Low: 12 °C High: 28 °C
Саб Low: 13 °C High: 25 °C
Нед Low: 12 °C High: 26 °C
Пон Low: 12 °C High: 25 °C
Вто Low: 14 °C High: 27 °C