Богопознанието и верата

Поуки
Typography

Богопознанието и верата се тесно поврзани.

Колку повеќе Го познаваме Бога- толку повеќе Му веруваме. А, пак, колку повеќе Му веруваме на Бога- толку повеќе и Го познаваме.

 

И така расте спиралата на Богопознанието. Знаењето ја храни верата, а верата го храни знаењето.

 

Многумина не веруваат во Бога бидејќи воопшто не Го познаваат. Мене лично ме изненадува тоа што дури и напредни интелектуалци не ги знаат дури ни најосновните нешта од христијанската вера. Човек навистина да се зачуди како овие еманципирани личности немаат познавања дури ни од општа култура.

 

Не можам да разберам како луѓето не сакаат дури ни малку да се заинтересираат и по нешто барем да поднаучат. Сепак живееме во земја во која мнозинството граѓани се изјаснуваат како христијани. Христијанската мисла оформила значаен дел од историјата и погледот на светот. Христовата порака била инспирација за многумина познати автори и уметници. Човек и да не верува во Бога, сепак заради општа култура треба да покаже некаков минимален интерес за христијанството.

 

Други, пак, не веруваат во Бога заради тоа што Тој им е погрешно претставен. Повторно, значи, станува збор за непостоење интерес кај поединецот да се запознае со основните вистини на христијанството и на тој начин станува лесен плен на оние кои тежнеат кон тоа да ја извртуваат Христовата порака.

 

Трети- знаат по нешто за Бога, но знаат само теоретски. Никогаш не се впуштиле и искуствено во вистините на Христијанството. Тие прочитале по нешто, слушнале за Христос, можеби и малку подлабоко проучувале. Можеби дури и прочитале нешто од Библијата. Меѓутоа иако стекнале некакво познавање, сепак Го немаат искусено Бога. Тие ги знаат основните принципи- но не ги живеат. Знаат за покајанието, за верата, молитвата, чуле за спасението кое Бог го нуди... но се немаат покајано, не веруваат, не се молат, го сакаат светот повеќе од Бога. Тие ги осудуваат другите, но самите се чуваат далеку од Христовата преобразителна сила. И на тој начин тие иако знаат со умот, сепак не знаат со срцето. Тие имаат знаење, но немаат Богопознание затоа што немаат вера.

 

Вистинското Богопознание го има оној кој не само што ги знае Божјите вистини од Неговото откровение, туку оној кој истите ги живее.

 

И затоа, почитувани, пред да речете дека не верувате во Бога- барем направете еден минимален напор да се запознаете со основите на христијанската вера.

 

Пред да речете дека Бог е ваков или онаков- обидете се да го проучите црковното разбирање на Бога.

 

Пред да се истрчате и да речете дека вие ги знаете Божјите вистини, запрашајте се дали ги знаете фактите за Бога или Го познавате Самиот Бог?

Powered by WordPress.

Временска прогноза (2)

Skopje Macedonia Cloudy, 6 °C
Current Conditions
Sunrise: 6:23 am   |   Sunset: 5:14 pm
76%     1.8 m/s     32.645 bar
Forecast
Вто Low: 1 °C High: 7 °C
Сре Low: 3 °C High: 8 °C
Чет Low: 3 °C High: 7 °C
Пет Low: 3 °C High: 9 °C
Саб Low: 1 °C High: 7 °C
Нед Low: 0 °C High: 3 °C
Пон Low: -3 °C High: 1 °C
Вто Low: -4 °C High: 2 °C
Сре Low: -3 °C High: 1 °C
Чет Low: -3 °C High: 3 °C