Господин Јас

Инспирација
Typography

,,Ние мораме да се презреме себеси, заради љубовта Господова, и тој ,,господин Јас“ , не само да го отфрлиме, туку и да го убиеме. Бидејќи, ако тој не биде мртов, не можеме да се соединиме со Господ: секогаш ќе штрчи тој наш ,,господин Јас“. Бидејќи тој е голем господин и не може да го свитка вратот, тој е секогаш - високо. Затоа, нам ни е потребно смирение, да се смириме и да се понижиме. Господ ни покажа какви треба да бидеме: смирени, понизни, покорни на Божјата Волја. Но, ние сакаме се' да устроиме според нашето мислење. Се мачиме самите себеси, ќе се измачиме и - ништо не сме направиле! Не сака овој свет онака, како што ние мислиме. И ,господинот Јас', тогаш многу се лути, затоа што не е така како што тој мисли. И сега, ете, се мачам самиот себеси, и самиот сум си виновен. Не се смирив, не се соединив со Господ, туку гледам во срцето и кога и да погледнам, го гледам тој ' господин Јас' . Кога однадвор ќе наиде искушение , па ќе го забоде ножот, не' прободува - а раната голема...Гледаш ли колку треба да се лечиме, колку треба да се смириме, колку треба да се обратиме кон Господ, така, во простота... “ -- Старец Тадеј

Powered by WordPress.

Временска прогноза (2)

Skopje Macedonia Cloudy, 31 °C
Current Conditions
Sunrise: 5:42 am   |   Sunset: 7:35 pm
42%     6.3 m/s     32.746 bar
Forecast
Вто Low: 18 °C High: 31 °C
Сре Low: 20 °C High: 26 °C
Чет Low: 18 °C High: 28 °C
Пет Low: 15 °C High: 30 °C
Саб Low: 16 °C High: 30 °C
Нед Low: 16 °C High: 29 °C
Пон Low: 16 °C High: 27 °C
Вто Low: 16 °C High: 26 °C
Сре Low: 15 °C High: 29 °C
Чет Low: 15 °C High: 30 °C