Божјата благодат дејствува и денес

Инспирација
Typography

„Поучени од Светото Писмо и делата на светите Отци, ние веруваме и исповедаме дека Божјата благодат и денес дејствува во Православната Црква како и порано, без оглед на тоа што може да се најдат само малку садови кои се достојни. Благодатта ги посетува оние Божји подвижници за кои мисли дека е благоугодно да ги осени. Оние што тврдат дека денес е невозможно за христијаните да станат причесници на Светиот Дух, му противречат на Светото Писмо и на своите души им нанесуваат најголема штета, како што за тоа прекрасно расудува преп. Макариј Велики. Тие на христијанството не му припишуваат никаква особено возвишена цел, не знаат за неа, не се трудат околу неа, дури и не помислуваат да ја достигнат: се задоволуваат само со надворешно исполнување на некои добродетели и самите се лишуваат од христијанското совршенство. Што е најлошо, се задоволуваат со сопствената состојба и мислејќи за себе дека со надворешното однесување се вознеле на самиот врв на духовниот живот, тие не само што не можат да ги здобијат смирението и покајанието на срцето, туку и паѓаат во високоумие, гордост, самоизмама и прелест, и воопшто не се грижат за вистинскиот духовен напредок. Спротивно на тоа, оние што поверувале во постоењето на христијанското совршенство со сето срце тежнеат кон него и стапуваат во макотрпен подвиг за да го достигнат. Знаењето за христијанското совршенство ги чува од гордоста: во плач тие молитвено стојат пред заклучениот влез во таа духовна одаја (срцето). Воведени преку Евангелието во правилното самонадгледување, тие за себе размислуваат смирено и скромно: се сметаат за непотребни слуги, кои не ги исполнуваат своите должности, одредени од Спасителот.“ - Свети Игнатиј Брјанчанинов

Powered by WordPress.

Временска прогноза (2)

Skopje Macedonia Fair (day), 26 °C
Current Conditions
Sunrise: 5:4 am   |   Sunset: 8:0 pm
41%     0.0 m/s     32.950 bar
Forecast
Нед Low: 15 °C High: 27 °C
Пон Low: 14 °C High: 26 °C
Вто Low: 13 °C High: 26 °C
Сре Low: 11 °C High: 27 °C
Чет Low: 14 °C High: 27 °C
Пет Low: 12 °C High: 28 °C
Саб Low: 13 °C High: 25 °C
Нед Low: 12 °C High: 26 °C
Пон Low: 12 °C High: 25 °C
Вто Low: 14 °C High: 27 °C