Волјата Божја

Инспирација
Typography

Најдобрата молитва е: ,,Господи, Ти ги знаеш сите нешта. Нека се исполни Твојата волја во мојот живот!’’- св. Теофан Затворник

 

Навистина големо добро е да можеме да ги предадеме нашите животи на Божјата волја. Многумина не сакаат да живеат според Божјата волја. Големото мнозинство од луѓето сакаат да живеат според својата сопствена волја, да бидат носени од телесните страсти и од човечките учења и филозофии. А да се живее според Божјата волја е најдрагоценото нешто под сонцето- вреди многу повеќе од сите светски богатства и ја исполнува душата многу повеќе од сите телесни задоволства. 

Кога учениците Го прашаа Исуса: ,,Како да се молиме?’’ Тој им ја даде молитвата која денес ја знаеме како ,,Оче наш’’. Во еден дел од ,,Оче наш’’ се молиме ,,Нека биде волјата Твоја како на Небото, така и на Земјата’’. И понекогаш тоа е најтешко да се каже- ние сакаме нештата да бидат според нашата волја, а не според Божјата. Но, сепак, треба да знаеме дека ние сме ограничени и немудри луѓе- ние знаеме што сакаме (некогаш не знаеме ни што сакаме!), но не знаеме што е најдобро за нас. Бог, пак, во Неговата премудрост знае и што сакаме и што е најдобро за нас во овој момент. Затоа најдобро е да се молиме да се исполни волјата Божја во светот и во нашите животи.

Но, освен тоа што треба да се молиме за исполнување на Божјата волја, ние треба и да се трудиме истата да ја исполнуваме. Некои луѓе честопати велат: ,,Не ја знам Божјата волја.’’ или ,,Не ја знам Божјата волја за мојот живот.’’ Тие како да очекуваат Бог да им се јави на чудесен начин и да им соопшти што е најдобро за нив. Тие очекуваат да се случи чудо, па Бог да им проговори или да им се јави во визија. 

И навистина можно е Бог на некои луѓе да им проговори или да им се јави во визија и да им ја соопшти Неговата волја за нивните животи. Но, и за нив и за сите останати важи следново: читајте го Светото Писмо и ќе ја знаете Божјата волја за вашите животи! Всушност и без да станете теолози вие и сега ја знаете Божјата волја, зар не? Знаете дека не треба да крадете, дека не треба да лажете, дека не треба да мразите... знаете дека треба редовно да се молите, да постите, да се чувате од разните искушенија. Па ете- тоа е Божјата волја за вашите животи! 

Да се молиме за исполнување на Божјата волја значи дека веруваме во Бога- веруваме дека Тој ги има сите нешта под контрола и дека Тој знае што е најдобро за нас и за светот. Да ја исполнуваме волјата Божја во нашите животи значи да постапуваме онака како што Бог ни открил во Неговото свето откровение- иако не знаеме се’, сепак ќе бидеме благословени ако го исполнуваме и она малку што го знаеме. 

 

Powered by WordPress.

Временска прогноза (2)

Skopje Macedonia Clear (night), 13 °C
Current Conditions
Sunrise: 6:47 am   |   Sunset: 5:52 pm
67%     1.8 m/s     33.017 bar
Forecast
Пон Low: 10 °C High: 23 °C
Вто Low: 8 °C High: 23 °C
Сре Low: 8 °C High: 23 °C
Чет Low: 8 °C High: 23 °C
Пет Low: 9 °C High: 24 °C
Саб Low: 6 °C High: 23 °C
Нед Low: 8 °C High: 20 °C
Пон Low: 6 °C High: 17 °C
Вто Low: 4 °C High: 18 °C
Сре Low: 3 °C High: 18 °C